173
„Волстрит журнал“ денеска соопшти дека „најостро ги негира“ обвинувањата за шпионажа против својот дописник од Русија, Еван Гершкович, кој беше уапсен од Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
„Остро ги негираме наводите на ФСБ и бараме итно ослободување на нашиот посветен и доверлив новинар Гершкович. Ние стоиме во солидарност со Еван и неговото семејство“, се вели во соопштението на „Волстрит журнал“ за „Ројтерс“.
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, претходно изјави дека прашањето за апсењето на Гершкович е работа на ФСБ, но дека е очигледно дека го фатиле „на дело“.