„Волстрит журнал“: Никој веќе не се плаши од Америка

Намалувањето на капацитетот на САД за одвраќање претставува најголем предизвик за нивната надворешна политика, светскиот мир и можеби за реизборот на актуелниот американски претседател.

од Бети Божиноска
281 прегледи

По обвинувањата на Вашингтон дека преговара за продажба на ураниум со Техеран, владата на Нигер одговори со прекин на воената соработка со САД. Одлуката е уште една победа во напорите на Владимир Путин да го прошири руското влијание, добредојден поттик за Иран и голем удар за плановите на САД во Африка.

Дополнително, тоа е уште една потврда дека администрацијата на Бајден ја губи способноста да „ги обликува меѓународни настани“, пишува колумнистот на „Волстрит журнал“, Волтер Расел Мид.

Намалувањето на капацитетот на САД за одвраќање претставува најголем предизвик за нивната надворешна политика, светскиот мир и можеби за реизборот на актуелниот американски претседател.

Како страшило кое повеќе не ги брка гладните птици, тимот на Бајден ја губи својата способност да ги спречи „непријателските сили да ги нагризат темелите на светскиот поредок предводен од Американците“, констатира Мид.

Тој ја критикува американската влада дека наводно планира да ги намали трошоците за одбрана следната година. Според неговите зборови, администрацијата на американскиот претседател на тој начин ги охрабрува непријателите на Вашингтон да ги „зајакнат своите воени планови“.

Слабеењето на позицијата на САД на светската сцена почна уште пред Бајден да ја преземе должноста, но неговата политика не влијаеше на падот.

Белата куќа постојано носеше катастрофални одлуки – од хаотичното повлекување на војниците од Авганистан до „задоцнетата“ помош за Украина, што предизвика сојузниците и противниците да ја гледаат Америка како „сила што слабее и што е лесно да ја исплашиш“, предупредува Мид.

Слични содржини