„Волстрит журнал“: Суровикин заедно со 13 други високи руски офицери приведени на сослушување

од Vladimir Zorba
539 прегледи

„Волстрит журнал“ објави дека поранешниот руски командант генерал Сергеј Суровикин, заедно со уште 13 други високи руски офицери, биле приведени на сослушување, а 15 биле разрешени или суспендирани.

Извори на „Волстрит журнал“ велат дека Суровикин знаел за плановите на Евгениј Пригожин, шеф на паравоената платеничка Вагнер, но не бил вклучен во нив. Против него се уште не е поднесена кривична пријава.

„Притворите се неопходни за расчистување на редовите на оние на кои повеќе не може да им се верува“, изјавил извор за „Волстрит журнал“.

Претходно беше официјално објавено дека Суровикин не е во затворите Матроскаја Тишина и Кремљ Централ.

Претставникот на Државната дума, Картаполов рече дека Суровикин „одмара и сè уште не е достапен“.

Слични содржини