Volvo размислува да го прошири производството во САД

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Шведската компанија Volvo Cars ја истражува можноста за зголемување на своето производство во САД, вклучително и проширување на фабриката во Јужна Каролина или отворање друга локација во Америка, изјави нејзиниот извршен директор Џим Роуан.

Volvo сака да ги искористи средствата достапни според американскиот Закон за намалување на инфлацијата, кој обезбедува зелени субвенции во износ од 370 милијарди долари, што доведе до проширување на инвестициите во автомобили и батерии од целиот свет, пишува Financial Times.

Благодарение на законот, Volvo размислува да ги зголеми инвестициите во САД, потврди Рован. Кога станува збор за САД, Volvo моментално има фабрика во Чарлстон, Јужна Каролина која е отворена во 2017 година и ќе ги произведува своите нови електрични модели, Volvo EX90 и Polester 3.

Volvo, кој продаде 615.000 автомобили минатата година, има за цел да произведува 1,2 милиони единици годишно до 2026 година. Компанијата има фабрики во Кина, Шведска и Белгија, а гради нова фабрика во Словачка, која ќе произведува од 2026 година.

Volvo Cars е во мнозинска сопственост на кинеската компанија Geely. Volvo планира да продава само електрични модели од 2030 година, со што ќе биде првиот голем познат производител на автомобили кој целосно се откажал од развојот на конвенционалните мотори.

Слични содржини