Вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето

од Nikola Popovski
233 прегледи

Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска ќе изврши вонреден инспекциски надзор во Прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена. Ќе се утврдува како бебето добило сепса.

Од Прилеп во Скопје на Детската клиника било донесено на 30-ти октомври во многу тешка состојба и веднаш било префрлено на одделот за интензивна терапија. Првично било ставено на неинвазивна вентилација, но, потоа било интубирано и префрлено на механичка вентилација. Му откажале и бубрезите.

На социјалната мрежа Фејсбук осамна статусот на 42-годишната мајка Лиле Петровиќ од Прилеп. Таа објави дека се породила во Прилепската болница со здраво машко дете со 2.700 грама, за по една недела да ѝ кажат дека нејзиното дете се разболело и починало. Обвинува за негрижа, на сестрите и на докторите од Прилепската болница.

Меѓу другото истакнала дека во Прилепската болница персоналот ѝ рекол дека бебето ќе биде третирано со зрачење заради жолтица, но потоа било препратено во Скопје.

Од болницата во Прилеп потврдија дека новороденчето се родило во добра здравствена сосотјба, воспоставено било доење но потоа поради податок за бактериска и вагинална инфекција кај мајката, земена е крв од новороденчето, која сепак била со уреден наод. Но состојбата се влошувала поради што бебето е транспортирано на Детската клиника во Скопје.

-На 30-ти октомври во 04 часот, поради одбивање на новороденчето да цица и потешкотии со дишењето, од страна на медицинската сестра е повикан дежурен лекар. Земена е крв за анализи, поставена е инфузиска, двојна антибиотска терапија. Повикан е приправен лекар и во консултација со лекар од КДБ Скопје новороденчето во 07 часот наутро е испратено во КДБ Скопје на оддел за ИНТ за понатамошно доиследување и терапија, објаснуваат од болницата во Прилеп.

Слични содржини