Вонреден инспекциски надзор во битолската болница по фотографиите од живи и починати пациенти во иста просторија

од Nikola Popovski
307 прегледи

Откако по социјалните медиуми се појавија фотографии од битолската болница каде во иста соба пациенти примаат инфузија, а на другите кревети има починати пациенти кои што се покриени, ќе биде извршен вонреден инспекциски надзор.

Министерот за здравство, Венко Филипче, најавува дека со вонредната инспекција на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе утврди фактичката состојба во дневната болница.

Директорката на Клиничката болница во Битола вели дека постои процедура доколку почине пациент во амбулантски услови и дека Фотографиите биле направени во дневната болница за преглед во суспектниот дел на Ковид центарот.

„Кога починува пациент амбулантски, повторувам не се хоспитализирани, процедурата е дека два часа мора да отстои каде што починало во установата, во меѓувреме се известува семејството и оператор кој треба да го подигне телото. Доколку операторот не дојде да го подигне после тие два часа, пациентите се пренесуваат во болничката мртовечница“, изјавила Гагачовска.

Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

Слични содржини