Вонредна инспекција во Детската клиника по смртта на 7-месечното бебе

од Nikola Popovski
54 прегледи

Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Кирил Лазов информираше дека денеска имало вонреден инспекциски надзор по смртниот случај на бебе во Клиниката за детски болести. Според него, издаден бил налог по сознанијата за починато седуммесечно бебе.

Лазов појасни дека бебето било донесено во Клиниката со тешки оштетувања на повеќе органи.

-По утврдување на фактичката состојба во делот на приемот и во делот на пружање на здравствена заштита, како и вевидентирање, во текот на утрешниот ден ќе излеземе со поконкретни податоци, кажа тој во изјава за медиумите.

Директорот додаде дека не сака да изнесува неофицијални информации или шпекулации за причините за смртта.

Директорот на Клиниката, Мемеди вчера истакна дека бебето имало генетски проблем, како и оштетени повеќе органи. Според него, биле запазени сите процедури и немало лекарска грешка.

Телото на бебето вчера било предадено на обдукција.

Слични содржини