НАТО инсистира Русија да ги прекине воздушните напади врз Сирија. Барањето е испровоцирано од преминот без дозвола на воздушниот простор на Турција, јави БиБиСи.

Како што претходно соопштивме руски авион прелетаа над турска територија, а од Москва најавија дека тоа се случило поради грешка во навигација .Рускиот амбасадор во Анкара беше повикан да објасни за нарушувањето на воздушниот простор на земја-членка на НАТО. Тој доби и “силен протест” од турската страна.
Во официјалното соопштение на НАТО 28-те земји-членки предупредуваат за “исклучителната опасност од такво неодговорно однесување” и инсистираат Русија “да престане и да прекине”.
Во интервју за турска телевизија премиерот Ахмет Давутоглу вели дека правилата се јасни за сите кои го прекршуваат воздушниот простор. “Турските воени сили се со јасна наредба . Дури и да е летачка птица, тоа ќе биде пресретната “, рече тој. Давутоглу ја отфрли можноста од настанување на руско-турска криза, бидејќи каналите за комуникација помеѓу двете држави остануваат отворени.
Мислењето на НАТО е изразено по седницата на Советот за безбедност на Алијансата. “Сојузниците ја повикуваат Руската Федерација веднаш да ги прекине нападите против сириската опозиција и граѓаните , да ги фокусира своите напори на “Исламска држава” и да понуди решение на конфликтот преку политички транзиција “, се вели во соопштението.
НАТО остро простестира и против навлегувањето во просторот на нејзина земја-членка. “Сојузниците ја повикуваат руската страна да ги преземе сите мерки такви прекршоци да не се случуваат во иднина”, велат од Алијансата.