Вонредна од Париз: Eвакуиран аеродромот “Орли”, сe слушаат истрели

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Го евакуираа аеродромот “Орли” во француската престолнина Париз.

Станува збор за истрели  кои се случале откако непознат човек се обидел даактивира  оружјето врз војник кој  патролирал на аеродоромот, пишува весникот “Мирор”.

Војникот отворил оган и според непотврдени информации, напаѓачот бил погоден.

Војникот пукал по човекот кој бил уапсен подоцна од силите за безбедност. Полицијата его евакуирала  аеродромот, за да бара евентуални соучесници или експлозиви. Подоцна напаѓачот сепак е прогласен за мртов.

Патниците велат дека истрелите се слушнале од јужниот терминал не аеродромот до 8:30 наутро. На луѓе кои имаат летови подоцна, им е кажано да се држат настрана од аеродромот. Портпаролот на аеродромот пак сподели на “Твитер” дека на местото навистина се спроведува полициска операција и ги повика сите луѓе да ги почитуваат инструкциите за безбедност.