Вонредна состојба во Њујорк поради вооружено насилство на улиците

од Nikola Popovski

Гувернерот на Њујорк, Ендру Комо потпиша извршна наредба за прогласување состојба на „вонредна катастрофа“ поради насилството во државата Њујорк.

Ендру Комо рече дека тие „се префрлиле од една во друга епидемија“.

„Отидовме од Ковид во епидемија на вооружено насилство. Повеќе луѓе умираат од насилство од оружје отколку од ковид“, рече Куомо на прес-конференција.

Објавата следи по низата пукотници за време на празничниот викенд во градовите низ целата земја. Куомо им рече на сите во земјата дека сака да го разберат обемот на проблемот.

Како што рече, државата ќе ја создаде Канцеларијата за спречување на вооружено насилство во рамките на Министерството за здравство на таа сојузна држава.

„Борбата против вооруженото насилство значи отстранување на нелегалното оружје од улиците“, наведе Куомо на Твитер.

Тој додава дека 74% од оружјето користено во градот Њујорк е купено надвор од границите на државата.

Повеќе од 180 лица беа убиени за три дена во кои САД го славеа Денот на независноста, според податоците од организацијата „Gun Violence Archive“.

Фото: Theodore Parisienne/for New York Daily News

Слични содржини