Министерството за одбрана на Русија и Пентагон се блиску до склучување на договор за “поделба” на небото над Сирија, соопшти Агенцијата “Франс прес”, повикувајќи се на воен извор во САД. Договорот ќе обезбеди безбедност на пилотите, кои учествуваат во борбени дејствија против “Исламска држава” .Очаква се условите да бидат договорени и утврдени во наредните денови. Најверојатно дотогаш ќе бидат одржани уште неколку видеоконференции меѓу претставниците на двете воени институции.
Последниот инцидент во кој се доближија авиони на САД и Русија е од саботата. Пилотите имаа воспоставено визуелен контакт, иако заповедта е да не се дозволува приближување помалку од 30 километри.
