177
Најавен е дополнителен вонреден државен и санитарен инспекциски надзор во Клиничката болница во Штип, но и на Скопските клиники, по смртта на 26-годишната родилка од Делчево.
– За жал вакви случаи во здравството има секаде во светот. Знаете, природата е таква, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити.
Родилката прво била донесена во болницата во Штип, а лекарите поради итноста на случајот веднаш ја имаат внесено во сала, каде што го извршиле породувањето, но настапило масивно крвавење кај родилката, по што веднаш и е извршена интервенција. Мајката и новороденчето веднаш се транспортирани во Клиничкиот центар во Скопје.