Вонредно собрание на МКФ

од Vladimir Zorba

Денеска напладне ќе се одржи вонредно собрание на Македонската Кошаркарска Федерација, на кое ќе се одлучува дали актуелниот претседател, Петар Наумовски ќе остане на чело на МКФ.

Доколку клубовите му изгласаат недоверба, за претседател на Федерацијата ќе се кандидираат поранешниот кошаркарски репрезентативец, Владо Илиевски и поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц.

Наумоски пред месец дена го прекина редовното собрание, пред точката за гласање за негова доверба да дојде на дневниот ред. Владо Илиевски во меѓувреме ја испочитува процедурата и ги поднесе неопходните потписи, по што актуелниот претседател беше принуден да свика на вонредно собрание.

Илиевски вчеравечер на „Фејсбук“ напиша дека денес е голем ден за кошарката во Македонија и дека ќе направи се за овој спорт го врати на старите патеки.

Слични содржини