Вооружен инцидент во центарот на Куманово – едно лице пренесено во болница

Едно лице е повредено попладнево на улицата кај зградата на Општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење

од Nikola Popovski
31 прегледи Куманово/Фото: Принтскрин

Едно лице е повредено попладнево на улицата кај зградата на Општина Куманово, откако врз него било пукано од возило во движење. МВР соопшти дека повредениот е З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково и оти е пренесен во кумановската болница.

Денеска во 13.54 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитрије Туцовиќ“ со ул.„11 Октомври“ во Куманово, две лица лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило „фолксваген голф “, управувано од З.Ш.(43) од с.Слупчане, општина Липково, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово за укажување помош, се наведува во информацијата од МВР.

Полициски екипи се на терен и вршат увид.

Според неофицијални информации, како што пренесуваат дел од медиумите, ранет е кандидат за советник во Општина Липково.