431
Еден полицаец е убиен, а двајца полицајци и еден цивил биле тешко ранети кога вооружен маж отворил оган среде прометна улица во градот Фарго во американската сојузна држава Северна Дакота, соопшти полицијата.
Полицијата возвратила и го убила напаѓачот, пренесува АП.
Инцидентот се случил во петокот попладне.