158
Според руските медиуми, вооружен маж се обидел да упадне во руското министерство за одбрана, кое се наоѓа во строгиот центар на Москва.
Агенциите за спроведување на законот ја известиле агенцијата ТАСС за инцидентот, наведувајќи дека мажот е фатен.
Инцидентот се случил во близина на главната зграда на министерството за одбрана. Маж кој носел пиштол се обидел да влезе во министерството, гласно викајќи и мавтајќи со оружјето.
„Мажот набрзо беше совладан, но не можеше да ги објасни мотивите на своето дело“, изјавил изворот за ТАСС.
Во инцидентот нема жртви. Според изворот, пиштолот бил одземен и испратен на испитување, а мажот бил префрлен на распит во психијатриското одделение.