Вооружена престрелка на Бит Пазар – едно лице со потешки повреди

од Nikola Popovski
100 прегледи

Попладнево дошло до вооружен инцидент во близина на полициската станица „Бит Пазар“ во Скопје.  Според првичните информации, едно лице завршило со потешки повреди и моментално се наоѓа на комплексот клиники „Мајка Тереза“.

На местото на настанот се испратени дополнителни полициски сили, додека истрагата е во тек.

Се огласија и од МВР. Оттаму велат дека полицајци излегле на местото и било констатирано дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица.

-Денеска околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. На местото на настанот најдени се повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од продажни објект и околните продавници и неколку паркирани возила, појаснија од МВР.

Според дел од медиумите на албански јазик во земјава, ранет е 30-годишник од Арачиново, со повеќе рани на главата и градите. Неофицијално, претходна расправија довела до немилиот инцидент.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини