324
Државната секретарка на Мичиген, Џоселин Бенсон, во понеделникот објави дека неколку десетици вооружени демонстранти се собрале пред нејзиниот дом во саботата вечерта и извикувале обвинувања за изборна кражба.
Демонстрантите кои пристигнале пред куќата на Бенсон носеле натписи и извикувале „стоп за кражбата“.
„Барањата пред мојата куќа беа недвосмислени, гласни и заканувачки“, напиша Бенсон на Твитер.
Главната обвинителка во Мичиген Дана Несел ги обвини приврзаниците на Трамп дека се однесуваат „како толпа“ и спротивно на „основниот морал и пристојност“.