Француската полиција соопшти дека едно вооружено лице држи неколку луѓе како заложници во една продавница за цигари во предградие на Тулуз.

Локалните власти наведуваат дека не е познат идентитетот на вооруженото лице, ниту колку луѓе се наоѓаат во продавницата.
Споредн некои медиуми киднаперот држи четири, а според некои пет заложници.
На местото на инцидентот се испратени единици на француската специјална полиција. Зоната околу продавницата која се наоѓа во местото Блањак е во близина на аеродромот во Тулуз.
Телевизијата Франс 3 објави дека киднаперот побарал да разговара со преговарач.