Ворен Бафет донира акции за 3,6 милијарди долари на пет добротворни организации

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Ворен Бафет ќе донира акции во вредност од околу 3,6 милијарди. Долари од својот инвестициски холдинг „Berkshire Hathaway“ на пет добротворни организации, соопштува „Ројтерс“.

Ова е најголемата годишна донација на милјардерот откако во 2010 година тој вети дека ќе подари половина од своето богатство во следните 10 години.

Меѓу добротворните организации кои добиле донации е и Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Донацијата

Донацијата на Бафет, 14-та година по ред, вклучува речиси 16,81 милиони акции од класа „Б“ на „Berkshire“. Тоа ќе го зголеми вкупниот износ што милијардерот веќе го дал на добротворните организации на над 34,5 милијарди долари.

Речиси 80% од донациите ќе одат во Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс. Остатокот ќе бидат дадени на „Susan Thompson Buffett Foundation“ и на добротворни организации, управувани од децата на Ворен Бафет – Хауард, Сузан и Питер – „The Howard G. Buffett Foundation“, „The Sherwood Foundation“ и „Тhe NoVo Foundation“. По последната донација Бафет се уште ќе поседува 15,7% од „Berkshire“, иако се раздели со 45 отсто од суделот од 2006 година и има приближно 31% од акциите со право на глас.

Во последните 50 години Бафет ја претвори „Berkshire Hathaway“ во компанија со пазарна вредност од над половина трилион долари, која поседува удели од компании во индустрии од осигурувањето до индустријата. Според „Форбс“, Бафет останува четвртиот најбогат човек во светот со богатство од 87,5 милијарди долари. Главниот извршен директор на „Amazon“, Џеф Безос и неговото семејство се на врвот на рангирањето од 157,8 милијарди долари.

„Berkshire“ првпат оваа година инвестираше во „Amazon“. Гејтс и семејните добротворни организации обично ги продаваат акциите на Бафет, за да ги финансираат своите активности, наведувајќи со каква цел сакаат да бидат потрошени овие пари.

Бафет, исто така, прави донации и за други добротворни организации.

Слични содржини