23
Голден Стејт Вориорс решија да го ослободат искусниот бек Крис Пол.
Во Сан Франциско деновиве е живо. Додуша повеќе се зборува за заминувања. Прво, како бомба одекна веста дека Клеј Томпсон може да го напушти тимот со кој освои шампионски прстени и направи големи работи.
Но, додека неговиот статус внимателно се следи, Вориорс веќе се откажаа од едно големо име. Тоа е ветеранот Крис Пол, кој одигра само една сезона во Сан Франциско.
И ова е прва сезона во неговата НБА кариера во која нема просечен двоцифрен број на поени. Затоа и не е премногу чудно што Вориорс се решија на овој чекор, иако во оваа, последна година, влезе со загарантирани 30 милиони долари.
Така искусниот плејмејкер сега е слободен агент.