Родители на мали деца во Тајван ги обвинија воспитувачите во предучилишна установа дека ги дрогираат нивните деца, објави „Гардијан“.
Воспитувачи во приватната градинка Баорен, во градот Њу Тајпеј, се обвинети дека ги смирувале децата користејќи сируп за кашлица кој предизвикува зависност.
Полицијата започна истрага овој месец откако родителите изразија загриженост дека децата покажуваат невообичаени симптоми, како што се промени во расположението и грчеви.