Воведена целосна забрана за движење во шумите

од Nikola Popovski
107 прегледи

На барање на ЈП „Национални шуми“, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, даде согласност за воведување целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште.

„Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до процената дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат“, се вели во соопштението од Центарот за управување со кризи.

Оние кои нема да ја почитуваат забраната ќе им биде изречена казна од 1.500 до 2.000 евра.

Слични содржини