Воведена забрана за камиони на два патни правци

од Nikola Popovski
21 прегледи

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има и на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Во 06:00 часот на патниот правец Гостивар – Маврово – Дебар и обратно, се укинува забраната за движење на ТМВ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Денеска се очекува да биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени врнежи од снег. Викендов следува постабилно време, со пониски утрински температури.

Слични содржини