Кога политиколози и аналитичари на западни медиуми размислуваат за можноста на војна меѓу САД и Русија, најчесто станува збор за Балтикот, пишува американскиот портал Vox.Според теоријата на аналитичарите на Vox, точка на судир на НАТО и Русија може да стане Естонија – балтичкaта државичка со население 1,3 милиони луѓе, за чие постоење “повеќето Американци воопшто не се сомневаат”.
“Естонија, меѓу Летонија и Литванија – земји познати како земјите од Балтикот – се наоѓаат на самиот крај на Источна Европа крај границите на Русија. Некогаш биле дел од СССР. Токму овие земји се местото каде според загриженоста на западни аналитичари може да започне Третата светска војна “- се истакнува во публикацијата. Изданието обрнува внимание на зборовите на професорот од Карлтанскиот универзитет (Канада) Стивен Сајдмон, кој смета дека епицентарот на практично секоја од потенцијалните светски кризи ќе стане мала земја. Политиколозите Греам Елисон и Дмитриј Сајмс во едно од своите есеи за списанието The National Interest го посочиле токму Балтикот како “Најслаба алка” на НАТО. Во Балтикот сега се забележува “невиден од времето на студената војна” воена активност. Изборот на Естонија не е случаен – една четвртина од населението се етнички Руси. Аналитичарите на Vox прават паралела со Украина, каде што исто така значаен дел од населението се рускојазични подрачја.. Од друга страна Естонија, за разлика од Украина, е член на НАТО, каде што дејствува озлогласениот член 5. Во врска со тоа наводната од Vox “инвазија” од страна на Русија ќе го провоцира САД и повеќето земји од Алијансата да и објават војна на РФ. “Ова е класичен пример за т.н. од политиколози дилема на безбедност: секоја од страните смета своите активности како одбранбени, а активноста на противникот се гледаат како посамоуверени.
Двете страни ги исполнуваат наводните провокации со уште поголема ескалација “- пишуваат аналитичарите. На таков начин се репродуцира системот на конфликт, во кој со голема веројатност може да се роди војна, како што е случајот со Првата светска војна.
Понатаму Vox во рамките на својата теорија прави моделирање на настаните до сценарио на војна меѓу Русија и НАТО каде сето тоа зависи од исходот на последователните активности на играчите. Аналитичарите сугерираат дека почетна точка кон откритијата на конфликтот можат да бидат протестите на руското етничко малцинство во градот Нарва. Тогаш првиот потег го прави Алијансата и НАТО има две опции за акција: дипломатски повик за “мир” или веднаш воведување на воен контингент поради стравувањата од “руска инвазија”.Понатаму, сето тоа зависи од активностите на Москва: ако Русија воведе свои војници во одговор, не е исклучена опцијата како случајно, така и намерно судир на двете армии. Во таков случај ќе почне отворена војна меѓу Русија и НАТО во Естонија. Изданието смета дека ако “конфликтот во Нарва” влезе во замрзнат стадиум, а конфликтна точка стане спорната покраина со тесни врски со Русија, ќе светне блескавата неспособност на НАТО да одговори на принципите на колективната одбрана и блокот ќе биде распуштен. Русија во такво сценарио повторно ќе почне да владее во Источна Европа.
Сценариото на Vox исто претпоставува дека ако работата дојде до директна нуклеарна војна, постојат четири варијанти за развој на настаните, од кои секој претпоставува загинување на милиони луѓе и победа на една од двете страни. Според најлошото опција, како резултат на судирот меѓу Русија и НАТО на земјата ќе настапи “нуклеарна зима”.
Повеќе детали може да бидат прочитани во оригиналниот напис на линкот http://www.vox.com/2015/6/29/ 8845913 / russia-war
