Руските железници вчера соопштија дека саботажа била причина за излетување на товарен воз од шините втор ден по ред во руската област Брјанск на границата со Украина, јавува Ројтерс, додека московските агенции наведуваат дека нема повредени во вчерашнот инцидент.
Локомотива и 20 товарни вагони излетале од шините во областа Брјанск, што е резултат на експлозивна направа, а според последните информации во инцидентот нема повредени, пренесе агенцијата ТАСС.
Ова е второ излетување од шини за два дена откако на 1 мај од истата причина излетаа локомотива и седум вагони.
Гувернерот на областа Бранск, Александар Богомаз, изјави дека неидентификувана направа експлодирала на шините, јави ТАСС.
Ројтерс истакнува дека руските власти процениле дека групи проукраински саботери извршиле повеќе напади од ваков карактер откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.