230
Воз усмртнл машко лице на железничката пруга Битола-Скопје, информираат од МВР.
На 27.11.2022 во 16:25 часот било пријавено дека на железничката пруга Битола – Скопје, кај железничкиот мост на Маркова Река, патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, удрил во пешак- машко лице.
Во несреќата лицето починало на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатот е дадено во Институтот за судска медицина за обукција.
Полицијата превзема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице.