Товарен воз кој превезувал етанол излета од шините недалеку од Рејмонд во американската сојузна држава Минесота, по што избувна пожар во неколку вагони, што доведе до евакуација на населението, соопштија властите.
Противпожарната служба на Рејмонд соопшти дека возот излетал од шините еден час по полноќ.
Претставник на железницата БНСФ, Лена Кент, рече дека возот превезувал различен товар, вклучувајќи етанол и сируп од пченка. Според неа, нема информации за евентуални повреди.
🚨#BREAKING: Train carrying Ethanol has Derailed causing it to explode Prompting Immediate Evacuation Orders for Residents within Half-Mile Radius ⁰
📌#Raymond | #MinnesotaEmergency officials have issued an urgent evacuation notice for Raymond City, Minnesota, following a… pic.twitter.com/HljsrnA8gG
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) March 30, 2023
Етанолот е многу запалива хемикалија. Изложеноста на оваа хемикалија предизвикува кашлање, вртоглавица, печење на очите, зашеметеност и несвестица.
Полицијата соопшти дека евакуираните куќи се оддалечени околу еден километар од местото на несреќата.
Во тек е истрага за причините за излетувањето од шините.