Воз удри во возило во скопско

од Nikola Popovski
136 прегледи

Несреќен случај се случи денеска во скопско. Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково. Екипа на Итната медицинска помош –  Скопје е на лице место, потврдил за МИА, шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов.

Според првичните информации од медицинските екипи, во несреќата е повредено едно лице.

Засега нема детали за причините на оваа сообраќајна несреќа и како дошло до судирот.

Слични содржини