Регионалниот ЦУК Скопје, информира дека од Македонски железници известиле дека вчера во 17.15 часот, патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје – Гевгелија, на излезот од станицата „Драчево“ на патничкиот премин, што е обележан со светлосна и звучна сигнализација, удрил во патничко моторно возило.
Според информациите до ЦУК, во возилото бил само возачот и нема настрадани.
На местото на несреќата, покрај Итната медицинска помош, биле од полицијата, а и Комисија од МЖ.
ЦУК информира и за состојбата со пожарите во земјава.
Во последното деноноќие, имало вкупно 18 пожари на отворено – сите се изгаснати и утрово нема активни, соопшти ЦУК.
Од центарот со алел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и сува вегетација во природата.