Воз во Австрија во кој имало 45 деца излета од шините

од Stefanija Kuzmanovska

Воз се излизга во близина на Рамингштајн во Австрија рано утрово, а во оваа несреќа се повредени 15 лица.

Според итната помош, поради лизгање на возот, еден автомобил влетал во реката Мур.

Во возот имало 50 лица, од кои 45 деца.

Сите патници биле спасени од возот, а, како што велат во брзата помош, 15 лица се здобиле со полесни повреди.

Четири лица беа префрлени во блиските болници.

Австриските власти брзо реагираа на лизгањето на возот и испратија десетина амбулантни возила, два хеликоптера и голем број пожарникари и полиција на местото на настанот.

Бидејќи денес е последниот училишен ден пред летната пауза во овој дел на Австрија, голем број деца беа во возот, кои беа на пат кон своите училишта да ги земат своите сведителства.

Слични содржини