Возач со „фиат пунто“ удри пешак од кочанско

од Берта Китинска
116 прегледи

На 22.09.2022 во 11.40 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на влезот во с.Теранци, кочанско, патничко возило „фиат пунто“, со кочански регистарски ознаки, управувано од В.Х.(46) од с.Теранци, удрило во пешакот Д.Р.(60) од с.Теранци, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.Р., констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани, додаваат оттаму.