192
Возач удрил во пензионерка на булевар во Скопје, информират од МВР.
Немилиот нестан се случил во текот на вчерашниот ден, кога во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански Одреди“ со бул.„8-ми Септември“, патничко моторно возило удрило во пешакот М.С.(79) од Скопје.
-По несреќата, возачот ја пренел М.С. во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, по што заминал.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Полицијата работи на расчистување на случајот, појаснуваат од МВР.