Возачките дозволи ќе важат до 75 години, за преголема бучава ќе се одзема возилото

од Vladimir Zorba
263 прегледи

Рокот на важење на возачката дозвола за повозрасните возачи се продолжува од 70 на 75 години, а се предвидува и мерка времено одземање на возило кое предизвикува голема бучава и го нарушува јавниот ред и мир на граѓаните, како и за возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола од шест или повеќе месеци.

Ова вчера на седница го усвои Владата заедно со усогласувањата во делот на казнената политика во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои се предвидени значителни намалувања на казните. Тие ќе изнесуваат од 15 до 250 евра како највисока граница, освен за животозагрижувачки прекршоци кои остануваат исти, и се укинува мандатниот платен налог, односно сите платни налози ќе бидат прекршочни.

Се уредува и учеството на електричните тротинети во сообраќајот со цел да бидат заштитени оние кои управуваат со нив, но да бидат заштитени и граѓаните со одредби кои значат определување на место на движење на тротинетите, возрасната граница за управување со овој тип на возила, како и обврската за користењето на заштитни средства.

Слични содржини