Воздушна тревога во Киев поради можен напад со ракети „Кинжал“

од desk2
21 прегледи

Пред еден час во главниот град на Украина, Киев, почна тревога за воздушна напади поради стравување од можен руски напад со хипербрзи ракети. Тревогата дојде во време кога во Вашингтон претседателот на Украина, Володимир Зеленски се среќава со претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на ОК, Кир Стармер, Канцеларот на Германија, Фридрих Мерц и други премиер и претседатели од Европа по самитот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во петокот во Алјаска.

Украинските военовоздухопловни сили малку подоцна на социјални мрежи објавија воздушна тревога за целата територија на земјата, оти биле регистриран руски ловец-бомбардер Миг-31, способен да носи руски ракети „Кинжал“, кој постигнуваат хиперзвучна брзина.

Слични содржини