Возачите фатени како возат под дејство на алкохол имаат големи и имагинативни изговори, но оваа дама ги надмина сите. Никогаш не треба да возите ако сте под дејство на алкохол, милион пати е повторено колку е тоа лоша одлука.
Особено во денешно време кога има толку многу сервиси за безбедно враќање дома, почнувајќи од такси и други превозници, до компаниите што ќе го однесат вашиот автомобил пред вашиот дом.
Значи, нема оправдување, но некои луѓе под дејство на алкохол се уште седнуваат зад воланот.
Во најлоши случаи, се стигнува до фатален исход, а во Канада имаше непријатна сцена со возење во пијана состојба, бидејќи жена слета од патот и заврши во канал.
Кога полицијата пристигнала на самото место, дамата го обвинила своето куче за сè. Кучето не и го одвлекло вниманието, туку тоа го возело автомобилот! Да, жената рече дека кучето е тоа што го „однел“ автомобилот во каналот.
По овој одговор, таа одбила тест за алкохол и по неколку проверки, дозволата и била одземена 90 дена, додека кучето останало неказнето.