Возете внимателно има одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани

од Берта Китинска
207 прегледи

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани утрово се регистрирани кај месноста Баткова Чешма. Освен на споменатата локација, одрони кои предизвикуваат проблеми по сообраќајот на патниот правец кој е дел од магистралата А3, поради дождот кој синоќа го зафати регионот се забележани на повеќе локации.

-Бидејки се работи за карпест терен, ќе го повториме апелот за внимателно возење долж овој патен правец особено во услови по силните дождови кои влијаат на лизгање на карпите нанесувајќи одрони долж патниот правец. Освен на овој патен правец, на одредени делници од патот Делчево – Пехчево – Берово исто така се можни одрони заради тоа што е потребна прилагодена брзина, велат од подружницата на „Македонија Пат”.

Слични содржини