Возило повторно пропадна во фонтаната на скопскиот плоштад

од Nikola Popovski
167 прегледи

Повторно пропадна возило на плоштадот „Македонија“ на местото каде што се наоѓа подната фонтана.

Освен фонтаната, оштетен бил и камионот со странски регистарски таблички.

Ова е четврт случај во кој возило пропаѓа во фонтаната, откако тоа се случи и во 2017 година, непосредно пред доаѓањето на ракометарите на „Вардар“ на скопскиот плоштад, каде што се одржа прославата по освојувањето на европскиот трон.

Лани во март пропадна камион за чистење на плочникот на ЈП „Комунална хигиена“. После тоа, плочникот на фонтаната со месеци стоеше отворен и заграден со лента за да не минуваат пешаци.

Екипи на МВР се повикани за да извршат увид.

Слични содржини