Возило се преврте во Волково, 4 лица повредени

од Vladimir Zorba
161 прегледи

Четири лица се тешко повредени откако возило се преврте утринава на обиколница во Волково.

Информацијата за МИА ја потврди шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов.

– Итната помош интервенираше со четири амвулантни возила. Три лица со тешки телесни повреди се пренесени во ГОБ 8 Септември, а едно во Свети Наум Охридски, појасни доктор Панов.