Возило заврши во река кај Ботун, две лица загинаа

од Nikola Popovski
150 прегледи

Охридската противпожарна служба информираше дека утрово примила дојава за излетано возило во река, кај с.Ботун, општина Дебарца. Интервентната екипа со едно возило и пет пожарникари се упатила на местото на несреќата при што затекнала превртен автомобил во река.

Автомобилот со патниците бил извлечен од реката, меѓутоа кај двете лица не биле забележани знаци на живот.

-ТППЕ – Охрид упатува апел до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни кога управуваат моторни возила , да ја следат патната сигнализација и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот, велат од оттаму.

Тешката сообраќајка се случила утрово во 7:30 часот. Според информациите, патничкото моторно возило изгубило контрола и излетало од коловозот. Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата треба да ги утврди причините за инцидентот.

Слични содржини