Службеното возило на министерот за правда Билен Саљилји повторно се најде на „Ѕидот на сообраќајниот срам“. Денеска на Фејсбук беше споделена фотографија на која се забележува како возачот на „пасатот“ пресекува две полни ленти на булеварот пред министерството.

Истото возило пред неколку недели беше фотографирано паркирано на тротоарот пред министерството за правда, за што по острите критики од јавноста, министерот се извини и вети дека нема повеќе да се паркира непрописно, а од Град Скопје поставија столбчиња за да го спречат паркирањето на тротоарот во овој дел од центарот на Скопје./Макфакс