ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Се урна медицински хеликоптер во Алабама, има жртви

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Двајца членови на екипажот загинаа кога медицински хеликоптер се урна во округот Шелби, Алабама, соопшти канцеларијата на локалниот шериф.

„Во моментот на падот во хеликоптерот имало три лица. За жал, можам да потврдам дека две лица загинаа“, изјави за новинарите заменикот на шерифот на округот Шелби, Клеј Хамак.

Како што наведе, едно лице е повредено.

Еден од членовите на екипажот е прогласен за мртов на лице место, а вториот им подлегнал на повредите во болница, додека третото лице е во тешка состојба, соопшти американската компанија „Ер методс“, која раководела со леталото.

Несреќата се случила вчера околу 18 часот кога бил повикан хеликоптер да префрли планинар кој се пожалил на болки во градите и проблеми со дишењето, пишува РИА.

Планинарот не бил во леталото кога се урнало, но бил префрлен во болница од друг хеликоптер.

Слични содржини