ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Идентификуван напаѓачот кој уби 13 лица во руско училиште

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

Вооружениот напаѓач кој денеска уби најмалку 13 лица, меѓу кои и деца, во училиштето во Ижевск, е идентификуван како Артем Казанцев (34).

„Инспекторите на Рускиот истражен комитет го утврдија идентитетот на напаѓачот на училиштето во Ижевск. Станува збор за Артем Казанцев, роден 1988 година, родум од градот Ижевск, кој завршил во ова училиште. Се проучува личноста на напаѓачот, неговите ставови и околината. Се проверува неговото придржување до неофашистичките ставови и нацистичката идеологија“, соопштија властите.

Според последните податоци, во пукањето загинале 13 лица, меѓу кои најмалку 7 деца. Повредени се 14 деца и седум возрасни.

На Телеграм беа објавени фотографии од работи кои наводно му припаѓаат на напаѓачот. На нив е прикажана црна маица со црвена свастика, пиштол, како и рамки за пиштоли на кои пишува „омраза“.

Александар Хиштајн, претседател на Комитетот за информатичка политика на Државната дума, на својот канал на Телеграм напиша дека напаѓачот бил вооружен со два гасни пиштоли кои биле модифицирани за да испукуваат боева муниција.

„Напаѓачот се самоуби. Носеше црна маица со нацистички симболи и фантомка. Со себе немал документи, а неговиот идентитет се утврдува“, соопшти Рускиот истражен комитет.

Со цел да им помогне на сите жртви, Министерството за здравство на Руската Федерација испрати група специјалисти во Ижевск, а властите на Удмуртија, републиката каде што се наоѓа училиштето, размислуваат за форма на поддршка за семејствата на загинатите и повредени.

Слични содржини