ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА: Снимка од масакрот во училиштето во Белград

од Stefanija Kuzmanovska
1,1K прегледи

По масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ на Врачар, на социјалните мрежи се појави аудио снимка од масакрот, снимена од ученик кој и самиот бил сведок на трагедијата.

Звуците на смртта одекнале низ училиштето кога К.К. уби осум ученици и еден член на обезбедувањето во рафален оган, а рани шест ученици и еден професор по историја.

Во застрашувачкото видео прво се слуша еден истрел, па пауза, па уште еден, а потоа серија рафали со минимални паузи.

За момент биле снимени врисоци на деца кои стравуваат за своите животи, а потоа повторно истрели.

Голема трагедија се случи во средата околу 08:40 часот кога малолетникот К.К.(13), ученик во седмо одделение, уби 8 ученици од ова училиште и еден член на обезбедувањето, а повреди 6 ученици и наставник по историја.

Самото момче повикало полиција и кажало што направило. Веднаш бил уапсен, а потоа биле приведени неговите родители.

Слични содржини