Вознемирувачки детали за силување на турнеја на The Killers

од Vladimir Zorba

Групата The Killers објави дека надлежните органи ќе спроведат детална истрага на поранешните членови на креативниот тим на групата, поради наводните обвинувања за силување кои се појавија на Интернет во текот на изминатите денови.

Имено, поранешниот директор за звук изјави на Твитер дека една жена, инаку членка на тимот што работела за споменатиот бенд, била дрогирана и силувана за време на нивната турнеја во САД во 2009 година. Режисерот за звук, кој на Твитер се вика Чез Чери, на социјалните медиуми објави дека жали затоа што не и ’помoгnала на колeшката кога мислела дека треба.

„Бевме на половина пат низ турнејата во САД. Една вечер се подготвувавме за концерт, работите се одвиваа така што девојката која работеше во шминкарата ги покани членовите на групата за танцување, креативниот тим и слично да дојдат еден по еден во блокот Б, а ние бевме таму, во блокот А“, ја започна својата приказна, а потоа додаде:

„Сè функционираше нормално, но во еден момент припадник на обезбедувањето дојде и почна да зборува во паника дека девојката не се чувствува добро и дека во моментот е целосно несвесна, потполно гола“.

Чез Чери се присети на ужасен момент, изјавувајќи дека никогаш нема да ја заборави силната болка што ја чувствувала во градите, откако обезбедувањето и ’кажало што се случило.

„Момците од танцовата група се смееја и негираа дека направиле ништо лошо, и знам дека не преземав сè што беше потребно. Никогаш нема да си простам затоа што не и помогнав на таа девојка “, додаде таа.

Иако ваквите тврдења се појавија уште во 2018 година, името на бендот никогаш не беше поврзано со овој случај, сè до пред неколку дена, кога истиот режисер за звук го објави својот Твитер.

Таа исто така изјави дека ниту еден од членовите на групата не бил вклучен во овој случај, како и дека тие биле во еден сосема друг комплекс.

Бендот, како и нивните менаџери, издадоа официјална изјава за американските медиуми, во која се вели дека тие го пријавиле случајот до надлежните органи и дека ќе сторат сé што е во нивна моќ да го испитаат случајот до крај.

„Тимот што работеше со бендот во тоа време веќе не работи, но тоа не го менува фактот дека секое тврдење за сексуална злоупотреба длабоко нè вознемирува. Ние сакаме секој што работи со нас да се чувствува безбедно“, велат одменаџерскиот тим на The Killers.

Слични содржини