На улиците на Синсинати полицајци со 9 куршуми убија 37 годишен Афроамериканец, затоа што неговата имитација на пиштолот им изгледала реално. Тројцата полицајци го убија Пол Гастон, откако тој одби да легне на земја, а им се причинило дека пробал да го земе оружјето кое му било на појасот.

Нивните надредени велат дека полицијата постапила според законот.
-Според она што го видовме, заклучивме дека нашите полицајци реагирале како што треба, изјави шефот на полицијата во Синсинати, Елиот Ајзак.
https://youtu.be/oIGAgY35F5k