На социјалните мрежи објавено е вознемирувачко видео на кое 12-годишно девојче од Велес е жртва на врсничко насилство.
„12 годишно девојче од Велес нападнато од својата врсничка додека бара помош од својата мајка по телефон, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството !!! “, пишува во објавата на видеото.
Од видеото се слуша и гледа додека таа низ солзи моли за помош, нејзината врсничка ја кубе и ја боксира сѐ додека не се појават возрасен минувач кој ја спасува девојката.
12 годишно девојче од Велес нападнато од својата врсничка додека бара помош од својата мајка по телефон, а останатите нејзини врснички снимаат и го подржуваат насилството !!! @o_spasovski pic.twitter.com/AA2Ol4vErK
— ВИЌО ИНСПЕКТОР (@VikoInspektor) April 20, 2021