ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Израелски војници силуваат палестински затвореник

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Снимка од надзорна камера на која се гледа како израелски војници силуваат палестински затвореник во озлогласениот затвор Сде Тејман, беше пуштена во ЈАВНОСТ.

Видеото покажува чувари во затворот во јужниот дел на Израел, пустината Негев, како одвојуваат затвореник, осомничен борец на Хамас, заробен во Газа, од поголема група која лежела на земја. Жртвата потоа е одведена до ѕид, каде што чуварите ја силуваат, користејќи штитови за да го сокријат својот идентитет од камерата. По инцидентот, на 29 јули беа уапсени десет војници на единицата Форс 100, пишува Ал Џезира.

Ова не е првпат вакви видеа со брутално злоставување да стигнат до јавноста.

На рочиштето на воениот суд на 30 јули двајца војници беа ослободени, а на 4 август воените обвинители дополнително ослободија уште тројца. Иако целиот случај ја потресе израелската заедница, некои, како екстремно десничарскиот израелски министер за финансии, беа повеќе загрижени за протекувањето на снимката, а помалку за самото силување.

Ве молиме имајте предвид дека видеото може да биде вознемирувачко

-Бараме итна кривична истрага за да се пронајдат оние кои го објавиле видеото. Ова видео нанесе огромна штета на армијата, но и на угледот на Израел – напиша во четвртокот Безалел Смотрич на социјалната мрежа Икс. Министерот за одбрана Јоав Галант рече дека истрагата за однесувањето на војникот мора да продолжи, додавајќи дека „дури и во време на гнев, законот важи за сите“.

Итамар Бен-Гвир, екстремно десничарскиот министер за национална безбедност, го нарече притворот на војниците „ништо помалку од срамно“. Затвореникот бил хоспитализиран по, како што опишуваат израелските медиуми, сериозно сексуално злоставување. Имал повреди на анусот што го спречувале да оди.

Слични содржини