ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маж извадил месарски нож и почнал да боде на железничката станица во Брисел

од Vladimir Zorba
251 прегледи

Белгиските власти уапсија маж кој нападна млад човек со месарски нож на железничката станица Брисел-Југ претходно оваа недела и го обвинија за напад со предумисла.

Имено, во вторникот наутро маж нападнал 17-годишно момче со нож „од ведро небо“, а шокантната снимка од надзорната камера објавена на социјалните мрежи покажува како напаѓачот брутално го расекол и избодел неколку пати.

Тинејџерот е повреден, но повредите не се опасни по живот.

Набргу по инцидентот, 18-годишниот напаѓач бил уапсен и приведен, а обвинителите известиле дека нападот се случил како последица на претходен конфликт меѓу двајцата млади.

Меѓутоа, во описот на снимката се наведува дека напаѓачот е мигрант кој извикувал „Алах акбар“, а дека 17-годишникот не бил единствениот што го нападнал.

Мартин Франсоа од Јавното обвинителство во Брисел изјави дека напаѓачот е осомничен за напад со предумисла и претепување малолетник и за носење забрането оружје.

Слични содржини