535
По несреќата во Нови Сад во која поради уривање на конструкцијата на Железничката станица загинаа 14 лица, додека тројца се во тешка состојба во болница, се појави ново видео од уривањето, но од друг агол.
На видеото се гледа целата зграда на станицата, како и моментот кога настрешницата целосно се урива.
View this post on Instagram
Видеото изгледа застрашувачко. На него се гледа моментот во кој настрешницата буквално се откинува од останатиот дел од зградата и огромни купови бетон паѓа врз луѓето под неа, додека граѓаните кои чекаат на автобуската станица и оние кои поминуваат во непосредна близина, за влакно избегнуваат посериозни повреди или смрт.